Температурите веќе се под нула, а тоа подразбира топла и слоевита облека, која ние ја обожуваме.

Овој четврток сме расположени за топли беж нијанси, па денешната комбинација која ви ја посочуваме како супер стилски избор е токму во беж тонови.

Плетена топла ролка во зима е „must have“, а во денешниот стајлинг ние ја комбинираме со панталони во широк крој и предимензиониран капут со впечатлива јака.

Аутфитот може да се финишира со чизми со шпиц, на средно висока потпетица, а кога сме кај модните додатоци, не ги заборавајте и очилата за сонце со оглед на тоа дека утрото го започнавме сончево, иако студено.

Уживајте во денот.

 

Фото: Pinterest/lifestylebyannaelizabeth.com

Објавено:
2 декември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.036 пати