Веруваме дека како што се приближува крајот на работната недела, така сте сè порасположени, па можеби со колегите или пријателите планирате после работното време малку да се опуштите и забавувате.

Доколку е така, нашата денешна комбинација ќе биде добар избор за таква пригода.

Ние обравме пастелнорозово волнено здолниште со украсни златни копчиња во предниот дел. Го комбинираме со џемпер во слична нијанса со копчињата и палто-капут повторно во пастелнорозова.

Чантата и чизмите до колена се повторно во комбинација од двете споменати нијанси.

Ако имате поофицијалнен дрес-код на работното место, тогаш наместо џемперот, одберете кошула или блузичка. Во секој случај, оваа комбинација ќе биде соодветен избор и за двете пригоди.

Ви посакуваме убав остаток од денот!

Објавено:
21 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
948 пати