Четврток во земјени нијанси
•
13 јули 2017
Доколку се подготвувате за претстојниот „Д Фестивал“, тогаш денешната комбинација со сигурност ќе ви послужи како инспирација.
Во духот на музичките летни фестивали, ние се одлучивме за комбинација во земјени нијанси и тоа долго здолниште со реси и топ со апликација во истите нијанси.
Ги комбинираме со сандали во темнозелена нијанса, слична на онаа на обувките од апликацијата на маицата, а кога е чантата во прашање, нашиот избор е ранче повторно во земјени нијанси.
На ова додадете неутрално карминче и секако, очила за сонце и уживајте!
За модата и годинашното издание на „Д фестивал“ прочитајте ТУКА.
Ви посакуваме добра забава!