За почетокот на работната недела, ние ви предлагаме една деловна, но тренди комбинација. Со оглед на високите температури, извадете ги панталоните до глужд. Нашите се во сива боја, а ги искомбиниравме со бела кошула и црн елек, кој се шири во долниот дел, со што дава елегантна нота.

Кога се обувките во прашање, се одлучивме за рамни, црни чевли. Но, бидејќи доминираат монохроматските бои, со модните додатоци можете да си играте, па дозволете си некоја впечатлива боја.

Ние одбравме чанта во интензивно сина, но може да биде било која друга што вам ви се допаѓа. Ако ви дозволува работното место, ставете и кармин во впечатлива боја. Доколку не, природните нијанси се секогаш актуелни и привлечни.

Изгледот завршете го со некое парче накит - дискретни обетки или алка.

Започнете ја работната недела со стил.

Објавено:
15 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
842 пати