Имаме продолжен викенд и затоа нема причина вечерва да не се забавувате или да избегате некаде надвор од градот.

Без разлика како ќе одлучите да го поминете викендов, ние ви презентираме една предлог-комбинација во која ќе изгледате дотерано и тренди каде и да се забавувате.

Плисе здолништата се сè уште мошне актуелни, па ние одбравме едно во бакарно-розова металик нијанса. Го комбинираме со нежна кадифена маичка, со отворен грб.

На тоа додаваме блејзер во пастелно розова нијанса и кадифени чизми до глуж на потпетица.

Мала чанта е задолжителна, а нашата е со интересни апликации.

На ова додадете некој впечатлив кармин и секако земете го со себе доброто расположение.

Имајте супер забавен викенд!

Објавено:
21 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
807 пати