Првиот ден од работната недела поминете го во навидум лежерна комбинација, но истовремено супер елегантна и шик. Денеска носиме искинати фармерки и ги комбинираме со лесна кошулка во розова нијанса со бела јака. Надополнете ја комбинацијата со овие розови сандали со ремчиња на висока потпетица и впечатлива чанта во крем нијанса со розови цветови. Бидејќи комбинацијата сама по себе е вистински богата, денеска не носиме накит, единствено очила за сонце во розова нијанса. Имајте среќен почеток на неделата!

 

Објавено:
22 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
410 пати