Лежерна среда со шик патики
•
20 јуни 2018
Денеска сакаме да одмориме од сите романтични комбинации што ги правевме изминативе неколку денови и да уживаме во удобноста на џинсот.
Носиме широки фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со едноставна, но стилска сива маичка на куси ракави.
Целиот акцент денеска го ставаме на патиките, па така одберете некои со интересен принт и во супер бои, како овие на фотографијата кои неодоливо потсетуваат на лето.
Имајте среќна среда!
Фото: Pinterest/Vale_Vintage