Конечно дојде и последниот ден од 2015 – тата година, а тоа значи многу забава, убави комбинации и безброј насмевки. Без разлика каде и со кого ќе ја поминете оваа вечер, блеснете во вистинска смисла на зборот. За оваа вечер ние одбравме црвено кадифено фустанче и го комбинираме со шик капутче со цветен дезен. Потпетиците се високи и во црвена боја, а чантичката во слична нијанса. Надополнете ја комбинацијата со светкави обетки и секси црвен кармин.

Ви посакуваме безброј насмевки и многу среќа во Новата година и уште многу утрински дружби со нашите инспирации за вашите секојдневни комбинации!

 

Објавено:
31 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
927 пати