Петок во бел макси фустан
•
23 јуни 2017
Сигурни сме дека сите се радувате на продолжениот викенд и веќе правите планови, а со оглед дека и времето ќе нè послужи, ние одлучивме денешниот предлог да биде една женствена и лелеава комбинација.
Макси летен фустан е секогаш добредојден во топлите денови, а нашиот предлог е тој да биде во бела боја, со везени цветни апликации, кои се тренд веќе неколку сезони.
Го комбинираме со бели рамни сандали и перфорирана бела чанта.
Одличен е за повеќе пригоди, а може да биде и предлог стајлинг и за оние што трите дена ќе ги минат покрај море.
Со шапка и очила за сонце, она што ви останува е само да сте добро расположени и да уживате!