Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па да прославиме со едноставна и лежерна комбинација составена од неколку шик парчиња.

Денеска носиме едноставни црни фармерки и ги комбинираме со ленена бела кошулка со копчиња.

Септември е вистинско време да ги пронајдеме нашите омилени чевли, па денеска комбинацијата надополнете ја со едни навидум машки чевли со врвки.

Очилата за сонце и денеска се задолжителни, а останатиот дел од комбинацијата го оставаме на вас.

 

Објавено:
14 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
656 пати