Добро утро. Се надеваме дека и утрово нè читате во добро здравје и расположение. И овој работен ден го започнуваме со предлог-стајлинг.

Комбинацијата е составена од фармерки и цветна кошула, која во делот се врзува во панделка околу вратот. Црна кожена јакна со копчиња и патент е парчето кое на вакво посвежо време е задолжително.

Црни чевли на висока потпетица со ремнчиња и бел детаљ се во склад со црно-белата чанта, доволно голема за да собере сè што ѝ е потребно на една жена.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
12 ноември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.174 пати