Добро утро. Петок е, и иако временската прогноза не ветува многу, сепак наоружајте се со добро расположение.

Нашиот денешен предлог е фустанче со впечатливи ракави.

Фустанот е со дожина над колена, а во горниот дел има мрежа, што го први интересен и совршен летен избор. Ракавите се волуменозни и направени од карнери.

Изборот на обувки се рамни сандали со ремчиња, а од модните додатоци не заборавајте ги очилата за сонце и мала чантичка.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
585 пати