Добро утро! Петок е и има сонце, совршен начин да се заврши работната недела, барем за повеќето. Ние инспирирани од тоа дека ни претстои викенд, одбравме комбинација која е идеална ако вечерва планирате да излезете.

Нашиот денешен предлог е кошула-фустан со цветен принт, кој е искомбиниран со црни високи чизми на висока потпетица и кожена црна беретка.

Женствено, лелеаво и секси.

Додадете капут и мала чанта, како и во добро расположение дочекајте го викендот!

 

фото извор: pinterest.com/thevivaluxury; 

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.297 пати