Добро утро! Работната недела завршува и тоа со фантастично време надвор, па тоа е повод повеќе да сте супер расположени.

Ние пак, за денеска имаме еден предлог-стајлинг кој асоцира на пролет.

Се работи за кошула - фустан во бела нијанса, кој има нагласени ракави и широко здолниште. Половината е истакната со широк ремен, што е апсолутен хит сезони наназад. 

Комбинацијата е надополнета со црна кожена беретка, црни чизми до глужд и мала црна чанта.

Вие на ова додадете и капутче и подготвени сте за петочна забава.

Објавено:
21 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
829 пати