Петок во окер капут и жолта ролка
•
5 јануари 2024
За крајот на првата работна недела од годинава имаме топла кобинација од окер и жолти нијанси.
Панталони во окер боја и капут во исти тонови, коишто одлично ги дополнуваат темно жолта ролка и окер потпетици.
За стајлингот да биде целосно во тон одбираме чанта со жолта нијанса и вака стилизирани ви посакуваме убав, продолжен, празничен викенд.
Фото: Pinterest