Последниот и најубав ден од работната недела поминете го во слатка пастелна комбинација со која ќе внесете позитивно расположение каде и да се појавите. Денеска носиме искинати фармерки и ги комбинираме со маичка во пастелни бои. И чантата е во слична нијанса, а сандалите се темно сини и поудобни од кога и да е. Додека сѐ уште има сонце, комбинирајте ги и овие стилски очила, а секако не заборавајте и нежна розова нијанса на кармин.

Уживајте овој петок! 

Објавено:
15 јули 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
382 пати