Последниот ден од работната недела поминете го во неодолива ретро комбинација составена од прекрасно темно зелено плисирано здолниште во комбинација со впечатлива блузичка во неколку бои. Бидејќи времето надвор е прекрасно, комбинацијата надополнете ја со овие балетанки со ремче кои одлично ќе се согласат со црната чантичка. Што се однесува до накитот, денеска единствено носиме алки во златна нијанса како оние кај блузичката и секогаш впечатлив кармин на усните.

Објавено:
22 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
435 пати