Последниот ден од работната недела се разбудивме со навистина ниски температури, па време е од плакарот да ги извадиме најубавите џемперчиња во кои ќе ја поминеме есента.

Денеска носиме еден таков во неодолива розова нијанса со кафени копчиња од страните и го комбинираме со едноставни фармерки со скинати детали.

Есента е совршено време за чизми, па доколку сакате да го подновите вашиот плакар со обувки, овие чизмички се идеален избор за тоа.

Утрата се навистина ладни, па можете да ја комбинирате и вашата омилена јакничка со ова џемперче.

Уживајте во последниот ден од работната недела!

Објавено:
28 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
587 пати