Последниот ден од работната недела поминете го во женствена и елегантна комбинација составена од шик панталони во сива нијанса и кошулка во пруги. Бидејќи самата комбинација е навистина шармантна, доколку сте во можност денеска избегнете ги чизмите и облечете ги омилените потпетици. Носиме и топол сив капут и чанта во слична нијанса како и потпетиците. Што се однесува до накитот, одберете едноставен часовник и слатки алки.

Објавено:
4 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.349 пати