Петок во темно црвено фустанче на пруги
•
5 мај 2017
Конечно петок! Последниот ден од работната недела сакаме да го поминеме во фантастично стилско фустанче во црвено – бели пруги, а го комбинираме со едни од омилените чевли – еспадрили за оваа топла сезона. Бидејќи утрата сѐ уште знаат да бидат свежи, фустанчето комбинирајте го со шик тексас јакна која секогаш ќе биде вистинска класика. Што се однесува до модните додатоци, ранчето во темно црвена боја денеска ви е сосема доволно, а очилата за сонце како и секој ден, задолжителни.
Уживајте во фантастичниот петок!