Петок во топол џемпер и јакна со крзнени елементи
•
14 јануари 2022
Добро утро. Иако надвор е сончево, сепак е студено, па доколку имате потреба да излезете, облечете се убаво.
Ние и денеска започнуваме со предлог-стајлинг, кој може да ви послужи како инспирација за овој петок или некој друг ден.
Комбинацијата е составена од кожени панталони со висок струк и топол џемпер во беж нијанса. На тоа е додадена кожена јакна со крзнени елементи (внатрешноста и детали на ракавите), еден од најпопуларните модели на светската модна сцена.
Чизмите до глужд во слична нијанса со крзното на јакната и џемперот совршено се вклопуваат со остатокот од парчињата.
Вие направете ваша верзија на денешниов предлог и останете во добро здравје.