Конечно последниот ден од работната недела, па прославете со супер комбинација во која ќе се чувствувате како вистинска дама. Денеска носиме шик црни фармерки и ги комбинираме со слатко црно џемперче со кафени срциња по површината. Стоплете се со оваа бундичка од вештачко крзно, а истакнете ја комбинацијата со овие модерни чизмички до глужд со супер украси на потпетицата. Што се однесува до модните додатоци, денеска носиме црна женствена шапка, елегантна чантичка и секако, неодолив црвен кармин. Доколку планирате прославата за Стара Нова година да ја продолжите веднаш после работните обврски, тогаш сте супер подготвени.

Објавено:
13 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
527 пати