Со оглед на тоа дека е крај на работната недела, претпоставуваме дека добар дел од вас ќе се одлучат да го завршат со една afterwork забава со колегите или пријателите.

Водени од тоа, ние денеска ви презентираме една предлог-комбинација со која ќе бидете дотерани и тренди.

Нашиот денешен предлог е кожено колор-блок плисе здолниште, кое го комбинираме со црна ролка со голи раменици. Ако работното место тоа не го дозволува или сте зимурливи, тогаш нека биде сосема затворена ролка, или можеби кошула. 

На тоа ја додаваме есенската кожена јакна, чантата во истите нијанси со здолништето и црни кожени чизми до колена.

Карминот е задолжителен, како и сите останати денови. 

Имајте забавен петок!

Објавено:
3 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.244 пати