Понеделник во комплет со плисирано здолниште и плетена блуза

7 март 2022

Добро утро. Нов понеделник, малку сив, но се надеваме дека сепак не' читате во добро расположение и здравје.

За почетокот на нова работна недела, одбравме предлог-стајлинг идеален за работното место во студени денови.

Плисираните здолништа се секогаш добра идеја, а овој пат се во комбинација со палто и се совршен комплет за разни пригоди. Потенка плетена блуза со ремен кој го истакнува струкот одлично се вклопува во стајлингот, а белите високи чизми му даваат уште повеќе впечатливост.

Секако, вие можете да ја прилагодите идејава на вашиот гардеробер и парчињата со кои располагате.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
7 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.104 пати