Понеделник во црно – црвено
•
6 февруари 2017
Првиот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од неколку шик парчиња во црвена боја што денеска ја обожаваме. Носиме тренди фармерки со интересни апликации и ги комбинираме со кошула со црвено – бели пруги. Комбинацијата надополнете ја со ова слатко црвено џемперче со реси во долниот дел и секако, црно зимско палто што сѐ уште ни е потребно. Стајлингот украсете го со овие црвени рамни чизмички и оваа слатка чантичка која е совршена за денот.
Имајте успешен старт на работната недела!