Понеделник во краток капут и високи чизми
•
22 март 2021
Добро утро. Не го замислувавме почетокот на пролетта баш вака, но мораме да се прилагодиме на времето.
Не е студено, но е доста кашкаво, па затоа и нашиот предлог е денес да имате високи чизми. Овде се во комбинација со тесни панталони, блуза и краток капут.
Со оглед на тоа дека за денеска најавуваат и дожд, земете си и чадор и капа.
Ви посакуваме убав почеток на работната недела.