Првиот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури, но без снег за кој сè уште се надеваме дека скоро ќе дојде. Иако времето е облачно и малку сиво, тоа не значи дека треба да одбереме темни бои, туку сосема напротив.

Носиме панталони во светла нијанса и ги комбинираме со широко и лежерно џемперче во крем нијанса. Бидејќи темературите стануваат навистина зимски, денеска комбинацијата надополнете ја со топла јакна во крем нијанса како една од омилените сезонава.

Чизмите се во слична нијанса со џемперчето, а чантата со животински принт која совршено се надополнува со останатите парчиња во комбинацијата.

Имајте убав ден и супер старт на работната недела!

Објавено:
19 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.241 пати