Зимата се' уште не сака да си оди, па и овој понеделник не' разбуди студено време.

Нашиот денешен предлог е составен од широко шарено здолниште во комбинација со топол црвен џемпер. За да ја направите комбинацијата слоевита, одоздола можете да облечете кошула или маица, па како ќе се стоплува денот, така да се прилагодите.

Секако, не излегувајте дома без мантил или тенко капутче, а и чадор, бидејќи времето ќе биде променливо.

Но, какво и да е, ние ви посакуваме овој понеделник да ви биде убав.

Објавено:
4 април 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
450 пати