Понеделник во здолниште со принт + блејзер
•
19 јули 2021
Добро утро. Ја започнуваме новата работна недела со нов предлог стајлинг, кој може да ви послужи како инспирација не само денес, туку и било кој друг ден во неделата.
Широко здолниште од нежна ткаенина со дискретен принт со точки е во комбинација со долг бел блејзер. Ремен во црна нијанса ќе внесе контраст и дополнително ќе ви ја нагласи фигурата.
Додадете модни додатоци по желба, во овие две нијанси или согласно вашите можности и започнете ја неделата со стил.
Ви посакуваме убав ден!