Први март во цветна кошулка и розов капут
•
1 март 2019
Конечно дојде и омилениот месец во годината, месец што сите го обожаваме и период кога ќе имаме сè повеќе сончеви денови.
Овој сончев први март решивме да блеснеме во стилска комбинација составена од парчиња во прекрасни бои.
Носиме розови панталони со висок струк и ги комбинираме со шармантна цветна кошулка со панделка во пределот на јаката.
Комбинацијата заокружете ја со елегантен розов капут, чевли на висока потпетица и стилска чанта, а секако со вас понесете ги и очилата за сонце, бидејќи денот ќе биде прекрасен.
Фото: Pinterest