Оваа прекрасна сабота искористете ја максимално за прошетка со пријателите или љубовен ручек со вашиот сакан во природа. Без разлика за што и да се одлучите, одберете лесна комбинација во која ќе можете да уживате. Одберете широки boyfriend фармерки и комбинирајте ги со Rolling Stones маичка. Денеска носиме и удобни сандали со ремчиња, а чантата е црна во вид на мини ранче. Очилата за сонце се во кружна форма, а што се однесува до накитот, комбинацијата збогатете ја единствено со алки.

Имајте прекрасен викенд!

Објавено:
29 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
815 пати