Сабота во цветен фустан и плетена чанта
•
11 јули 2020
Оваа сончева сабота оди во совршена комбинација со романтичен, цветен фустан.
Затоа и нашиот денешен предлог за што да облечете овој викенд е сведен на женствен фустан со флорален принт, со тенки прерамки, надополнет со карнер во долниот дел.
За дополнителен стилски шмек стилизирајте го со мала плетена чанта.
Може да го комбинирате и со патики и со сандали на потпетица, во секој случај нема да погрешите.