Добро утро. Сабота  и сонце - совршена комбинација за да имате одличен ден. Затоа нашиот денешен предлог е лежерна, а сепак впечатлива комбинација, одлична доколку планирате да шетате малку.

Облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со блузичка со принт. Во конкретниов случај, блузата е во тробојна комбинација - бела, црна и окер.

Црни балетанки, бела чанта и бели ретро очила се изборот на модни додатоци со кои комбинцијата е заокружена, а вие направете си свој избор.

За што и да се одлучите, понесете го доброто здравје, држете растојание и зачувајте го здравјето.

Ви посакуваме убав викенд.

Објавено:
9 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
620 пати