Сабота во фустанче на пруги и панделка
•
7 јули 2018
Прекрасниот викенд е пред нас, па да прославиме со шармантна комбинација составена од неколку интересни парчиња.
Денеска носиме слатко фустанче на тенки прерамки и неодоливи црно – бели пруги во комбинација со впечатлива панделка на средината.
Го комбинираме со оваа шик сламена чантичка како ултимативен хит ова лето и удобни сандали на многу мала потпетица.
Украсете ја комбинацијата со обетки со мали парички во златна нијанса и едноставно уживајте во викендот!