Конечно викенд! Иако утрово се разбудивме со облачно време, тоа не значи дека не треба максимално да го искористиме денот и целиот продолжен викенд пред нас. Денеска е совршен ден за да се видите со пријателките или да прошетате некаде каде што сакавте долго време. Одберете удобни boyfriend фармерки и комбинирајте ги со оваа тренди розова кошулка со ѕвонести ракави. Бидејќи се чини дека наскоро може да очекуваме дожд, комбинацијата надополнете ја со стилски патики во розова боја, а што се однесува до модните додатоци, денеска единствено го носиме ова слатко ранче.

Имајте прекрасен и исполнет продолжен викенд!

 

Објавено:
29 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
473 пати