Сабота во окер
•
22 април 2017
Една од најпопуларните бои сезонава е окер, па ние се одлучивме во денешнава комбинација да доминира токму таа.
Иако април како да нè враќа месец - два наназад, ние сепак им пркосиме на облаците со весела и свежа комбинација.
За прошетка со пријателите, која може да се претвори во целодневна забава, идеален избор е фустанче со долги ракави. Во нашата комбинација се работи за окер, украсено со везени апликации. На тоа додадете кожена јакна, која ќе ви биде и повеќе од потребна со оглед на темепратурите, а од модните додатоци ние се одлучивме за обувки со ниска потпетица, очила за сонце и чанта-ранец.
На крајот, не заборавајте го доброто расположение и ќе нема причина овој викенд да биде совршен за вас.
Имајте убав и забавен ден.