За овој викенд стајлинг, ви предлагаме да направите комбинација од неколку актуелни трендови.

Предимензионираната тексас јакна украсена со везови е ултимативен „must have“ за оваа сезона што веруваме дека ќе најдете начин да го имплементирате во вашиот секојдневен стил, па за оваа сабота тексас јакната комбинирајте ја со кратки комбинезони на прерамки во нежно сина боја.

Модните додатоци имаат клучна улога во дефинирањето на уникатен аутфит, па за оваа прилика совршено ќе ја надополните комбинацијата со мини ранче исто така украсено со везови, очила за сонце со рефлектирачки стакла и патики во силвер боја.

 

Објавено:
27 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
352 пати