Уште само неколку дена сонце и невообичаено високи температури за овој период од годината, па да ги искористиме максимално.

Ако денеска решивте да прошетате со пријателите или денот да си го посветите себеси, тогаш ние ја имаме совршената комбинација.

Одберете комбинација во нежни есенски тонови, составена од лежерни панталони со висок струк и блузон во малку посветла нијанса.

Утрата се навистина студени, па комбинацијата надополнете ја со мантилче во иста боја како панталоните и едни од омилените патики на девојките сезонава.

Дополнете со чантичка и накит по ваш избор, а секако не заборавајте ги и очилата за сонце.

Имајте супер исполнета сабота!

Објавено:
26 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.184 пати