Сите вие што сте на одмор или имате ослободен викенд од обврски, веруваме дека максимално ќе го искористите убавото и топло време, кое толку го посакувавме.

Нашиот денешен предлог е една лежерна комбинација.

Се одлучивме за џинс шорц со искинати детали, кој го комбинираме со бела маичка со принт.

На тоа додаваме старки, а стајлингот го завршуваме со ранче и очила за сонце.

Практичен, едноставен и летен стајлинг идеален за прошетки, средба со пријателите, патување или било што да ви е на списокот на активности за овој викенд.

Уживајте!

Објавено:
11 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
277 пати