Сабота во спортска сива комбинација
•
15 октомври 2016
Конечно викенд! Доколку денеска денот планирате да го поминете во друштво со вашите најблиски или пак на некоја прошетка и ручек низ градот, тогаш не двоумете се и одберете спортска удобна комбинација. Денеска носиме ретро фармерки во висок струк и ги комбинираме со сив блузон како едно од омилените парчиња сезонава. Носиме и широка тексас јакна и удобни патики кои ќе ни бидат сојузници во текот на целиот ден. Украсете ја комбинацијата со ова стилски сиво ранче и неодолива сива шапка која се чини никогаш нема да излезе од мода.
Уживајте во денот!