За денеска ви предлагаме една лежерна и летна комбинација. Плисираните широки панталони не само што се вистински тренд, туку се и мошне удобно парче. Токму затоа доколку имате денес обврски, тие нека бидат вашиот избор. Ние ги комбиниравме со широк топ со куси ракави и натпис.

Кога се обувките во прашање, сандали во кафена нијанса одлично ќе се вклопат во комбинацијата, која ја надополнуваме со шапка во истата боја и чанта со принт.

Имајте убав летен ден!

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
446 пати