Кога температурите ќе заминат под нулата, прво што ни доаѓа на памет е топло да се облечеме пред да излеземе надвор.

Но, тоа не значи дека не треба да изгледаме убаво. Затоа за денешната студена среда предложуваме топол, плетен џемпер-ролка во светло крем нијанса, црна јакна и црни хеланки.

Оваа комбинација надополнете ја со беж плетени чизми, шал и капче во иста боја, а можете да додате и ракавици.

Студот нема да ви биде проблем, а ќе добиете еден тренди зимски стајлинг.

Имајте убава среда.

Фото:Pinterest

Објавено:
8 февруари 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
903 пати