Среда во бел фустан со ремен и марама
•
19 мај 2021
Добро утро. Ако им веруваме на метеролозите, тогаш убавото време ќе нè радува уште денес, па искористете го максимално.
А ние имаме предлог и како да се дотерате.
Овој пат се надеваме дека за инспирација ќе ви послужи овој бел миди фустан. Во горниот дел е без ракави и со „солза“ израз кој изгледа нежно и женствено. Струкот е истакнат со ремен, кој дополнително е збогатен со марама.
Сандали и платнена чанта во колор-блок комбинација, како и очила за сонце и дискретен накит се модните додатоци со кои е заокружен изгледот.
Ви посакуваме убав ден.