Среда во бела блузичка и старки
•
20 март 2019
Повторно прекрасно време во градот, а денеска и официјално ќе и посакаме добредојде на пролетта.
Сега е вистинско време повторно да ги облечеме омилените старки, а денеска ги комбинираме со тесни фармерки во светла нијанса.
Комбинацијата надополнете ја со шик блузичка со впечатлив дезен во прекрасна бела нијанса и ранче во иста боја.
Утрата сè уште се студени, па така одозгора можете да комбинирате и некое стилско палтенце по ваш избор.
Нека оваа пролет биде поубава од било која друга!
Фото: Pinterest