СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Среда во бела кошула и плисирано здолниште во боја на злато

13 јули 2022

Добро утро!

Блеснете оваа среда во неодоливо елегантна и класична комбинација од бела кошула, долго плисирано здолниште во боја на злато и едноставни сандали во соодветна нијанса. Разиграјте го овој неутрален изглед со модни додатоци кои ќе отскокнат со својот дизајн или боја.

Фото: Pinterest

Оваа црвена чанта е совршен акцентски додаток кој укажува на тоа дека имате чувство за елеганција, но и свој препознатлив стил.

Уживајте во денот.

Објавено:
13 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
444 пати