Среда во бела маичка + џинс
•
18 јули 2018
Во оние денови кога немате инспирација што да облечете, белата маичка во комбинација со шик фармерки секогаш е добитна комбинација.
Денеска носиме токму таква, бела маичка со интересни колоритни додатоци во предниот дел и ја комбинираме со едноставни фармерки во темна боја со скинати делови.
Изгледот надополнете го со сандали на висока потпетица, доколку имате можност за тоа, или пак едноставни бели патики кои секогаш се добредојдени.
Чантата во случајов е соодветна на чевлите, но вие можете да омбинирате некоја по ваш избор. Очилата за сонце и дискретната шминка се must have и денеска.
Фото: Pinterest/Tay