Добро утро. Надвор како да е декември, а не април, но се надеваме дека времето не ве спречува да сте добро расположени.

Ние и овој ден го започнуваме со предлог комбинација во две нијанси - црна и сива.

Искомбинирајте ги вашите омилени црни панталони со црна едноставна блуза.

На тоа додадете долг блејзер со широк крој. Во случајов е во сива нијанса со кариран принт.

Но, доколку сакате да внесете боја во ова секојдневие, тогаш одберете некој во впечатлива нијанса.

За крај, додадете мантил или капут, чевли и чанта и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
647 пати