Дојде и средина на неделата, што значи уште малку до викенд. Денеска носиме супер лежерна комбинација составена од две основни парчиња кои се одлични во оние денови кога не знаете што да облечете.

Носиме фармерки со висок струк во светла нијанса и ги комбинираме со едноставна маичка на куси ракави во неодолива розова боја.

Комбинацијата надополнете ја со ниски сребрени патичиња, сребрен накит и очила за сонце.

Имајте убав ден!

Објавено:
12 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
499 пати