Среда во фустанче во црно – бели пруги
•
18 јануари 2017
Конечно најсреќниот ден од работната недела кој повторно го дочекавме со прекрасен снег во главниот град. Температурите и денеска се околу нулата, но тоа не значи дека не треба да блеснете во полн сјај и да го облечете вашето омилено фустанче. Носиме модел со долги ракави и црно – бели пруги кои се омилени во секое време од годината. Го комбинираме со дебели црни хулахопки и црни чизми до колената со кои ќе се заштитиме од снегот. Стоплете се со ова навидум едноставно, но многу стилско капутче во црна нијанса, а што се однесува до модните додатоци, и денеска носиме шик чанта, топла зимска капа и неодоливо шалче. Уживајте во снегот!