Среда во кафена и сина комбинација
•
17 мај 2017
Конечно дојде и најсреќниот ден од работната недела, па иако повторно го дочекавме со малку облачно време, тоа не значи дека не треба да имате најдобра и најпозитивна комбинација денеска. Носиме широки панталони – килоти во кафена нијанса и ги комбинираме со оваа прекрасна сина кошулка со широки ракави. Што се однесува до останатите делови од комбинацијата, носиме кафени високи потпетици и чанта во слична нијанса. За секој случај, со вас понесете ги очилата за сонце, а во однос на накитот, носиме единствено кружни обетки во златна нијанса.
Имајте среќна среда!